Меси бега од ПСЖ, неговиот татко контактирал со челниците на Барсa

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Не е тајна дека Лионел Меси е несреќен во Пари Сен Жермен. Тој веќе работи на тоа главниот град на Франција да стане минато на неговата кариера.

Аргентинецот би можел да го напушти Париз на крајот од оваа сезона. Сезонава на 26 настапи постигна седум гола, а за првпат во кариерата две години по ред не успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Навивачите жестоко го исвиркаа на претходниот натпревар во првенството против Бордо (3:0), а се повеќе се информациите дека Меси не може да се снајде во новата средина.

Жерар Ромеро, познат шпански новинар, тврди дека Аргентинецот би сакал да се врати во Барселона. Имено, тој го напушти тој клуб по 20 години минати на „Камп Ноу“, а сега смета дека најдобро би било да се врати на местото каде што ја испиша фудбалската историја.

„Таткото на Лео Меси, исто така негов агент, пред неколку дена ја контактираше управата на Барселона за да преговара за враќањето на Лео“, објави Ромеро.

ПСЖ би можел да изгледа сосема поинаку од летото, бидејќи сигурно е дека Килијан Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, додека соработката со Маурисио Почетино би можела да биде прекината. Според некои информации, се очекува и заминување на Леонардо, актуелниот спортски директор и Насер Ал Келаифи, кој сега е претседател на клубот.

Слични содржини