Непријатна ситуација на тренингот на шампионот на Франција. Се чинеше дека фудбалерите на Пари Сен Жермен, Лионел Меси и Серхио Рамос заборавија на бурното минато, кога беа најголеми ривали играјќи за Реал Мадрид (Рамос) и Барселона (Меси).
Повеќе од 10 години ги гледавме нивните дуели во Шпанија, а судбината потврди дека сега ги бранат боите на истиот клуб.
Двајцата пристигнаа во Париз пред една година, но Рамос мораше да ја пропушти речиси целата претходна сезона поради повреда.
Сега на подготовките во Јапонија Аргентинецот и Шпанецот повторно се судрија на тренинг.
Меси не беше задоволен од стартот на Рамос, па реагираше бурно, но по кратка дискусија страстите се смирија и тренингот продолжи во мир.
„Доколку Меси се согласи да дојде во Реал Мадрид, би му понудил сместување во мојата куќа барем неколку недели додека да се навикне. Тој може удобно да се смести во мојот дом и јас би бил многу среќен да му бидам домаќин“, изјави Рамос пред пристигнувањето во Пари Сен Жермен.
Messi angry and arguing with Ramos after he tackled Messi hard in training 😬 pic.twitter.com/dMRXDqzHEU
— Xabhi ✪ (@FCB_Lad) July 24, 2022