„Меси доаѓа? Мислев дека се шегуваат“

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе го пречекаат тимот на Анже во десеттото коло од Лига 1.

Во пресрет на натпреварот на „Паркот на принцовите“, тренерот Маурисио Почетино потсети како дознал дека клубот ќе го ангажира Лионел Меси од Барселона.

„Директорот Леонардо ми се јави и ми рече: Имаме можност да го донесеме Меси, дали би го сакал тоа? Добро е што ми се јави. Се прашував, дали беше тоа прашање? Мислев дека се шегува! Се разбира, јас веднаш му реков: „Дали треба да одиме јас и ти, да возам комбе?“. Така се започна. После тоа, Леонардо ми се јавуваше секоја вечер да ми каже до каде сме стигнале со преговорите“, откри Почетино.

Тој самиот не очекувал таков исход од преодниот рок.

„Сите мислеа дека Меси ќе остане во Барселона. Многу клубови сонуваа да го имаат во своите редови, особено кога беше слободен да замине. Од моментот кога Пари Сен Жермен покажа интерес, Леонардо беше во акција и Лео сакаше да дојде кај нас . Се се случи многу брзо. Мораме да ја пофалиме работата на Леонардо, нашиот претседател и неговите луѓе за операцијата, за два или три дена успеавме да го донесеме најдобриот играч на светот“, изјави Почетино.

По девет одиграни кола во францускиот шампионат, ПСЖ е прв со осум победи и само еден пораз.

Слични содржини