Меси е таинствениот купувач на Ферари, продадена на аукција за 32 милиони евра

од Vladimir Zorba
85 прегледи

За време на аукција, одржана во петокот на саемот Retromobile во Париз, беше продадено Ferrari 335 S Spider Scaglietti од 1957-та за 32 милиони евра и го собори рекордот за највисока цена за автомобил понуден на аукција.

2771
Купувачот, кој победи на тајното наддавање, сеуште е анонимен, но лично сопственикот на Proto Enterprises Алесандро Прото изјавил дека станува збор за Лионел Меси.

Легендарниот автомобил, со кој Стирлинг Мос учествува во Cuban Grand Prix, бил сон и на Кристијано Роналдо, тврдат анонимни извори.

Ferrari 335 S е третата уникатна суперкола во колекцијата на Меси. Пред тоа Аргентинецот купи Maserati GT Stradale и Audi R8 Spyder. Нивната вкупна цена, сепак е само 517 000 евра.

На Ferrari 335 Scaglietti S од 1957 година, дел од колекцијата на Пјер Бардинон, беше достигната крајна цена од 32 075 200 евра. Од овој модел се произведени само 4 примероци меѓу 1957 година и 1958 година Автомобилот е опремен со V12 мотор со работна зафатнина 4023 кубни см, со моќност од 390 КС и максимална брзина од 300 км / ч.

Оваа астрономска сума постави светски рекорд за автомобил продаден некогаш на аукција за цена во евра. Всушност Ferrari 250 GTO од 1962 г, продаден од куќата Bonhams во август 2014-та, постигна цена од 38,1 милиони долари, која во овој момент претставува 28,5 милиони евра според сегашниот курс, додека сегашното Ферари 335 S го собори рекордот во евра иако оваа сума е еднаква “само” на 35,7 милиони долари.