300
Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси ги предупреди соиграчите од репрезентацијата за опасноста која им се заканува од Нејмар, пред финалето на Копа Америка.
– Бразил, со Нејмар, тоа ќе биде многу тешко – рече Меси по триумфот на Аргентина над Колумбија во полуфиналето на јужноамериканскиот шампионат.
Меси и Нејмар играа порано во Барселона, а Бразилецот го покани Лео да му се придружи во Пари Сен Жермен на крајот на минатата сезона.
– Го знаеме неговиот потенцијал и што е тој способен да направи – изјави Меси.
Аргентина ја победи Колумбија на пенали и ќе игра против Бразил во финалето, на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро.
Бразил (9 титули) го брани трофејот, а Аргентина (14) го чека пехарот од 1993 година. Рекордер е Уругвај (15).