Аргентинскиот фудбалски великан Лионел Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но рано е за официјални најави, изјави селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони.
Скалони, кој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, ја објасни желбата на 37-годишниот рекорден осумкратен освојувач на „Златната топка“ да остане во тимот.
„Првото нешто што треба да се каже е дека и тој и неговите соиграчи се свесни дека останува разумно време и дека тој и сите други сакаат да играат на Светското првенство“, изјави Скалони за DSPORTS.
„Ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите. Меси знае што мислиме и е најинтелигентен од сите нас“, додаде тренерот.
Скалони зборуваше и за одлуката на поранешниот аргентински напаѓач Анхел ди Марија да се повлече од националниот тим откако минатата година го освои вториот трофеј на Копа Америка.
„Од она што го кажа, се е готово. И на најдобар можен начин. Да напишеше свој филм, своја книга, своја фудбалска приказна, мислам дека немаше да ја напише толку добро како што ја заврши. “, рече Скалони.