Лионел Меси на вистински начин го прослави влегувањето во новите историски книги на Барселона.
На мечот во кој го изедначи рекордот на Чави Ернандез по бројот на настапи за „блаугранас“, аргентинскиот волшебник постигна два гола во победата над Уеска (4:1).
Првиот беше за 1:0 во 13. минута, а вториот во завршницата за конечни 4:1.
Меси му асистираше и на Оскар Мингеси за 3:1 во 53-тата минута, а Антоан Гризман погоди во 35-тата.
Уеска го постигна единствениот гол во судиското продолжување од првото полувреме од многу чуден пенал.