Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно – и ова сценарио е можно со газдата на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келафи. Не е нереално. Тоа е изводливо следното лето – тогаш или никогаш!
Планот, што ќе се памети „векови“ во фудбалот – постои, пишуваат француските медиуми.
Клучот лежи во Килијан Мбапе, кому му претстои петта сезона во клубот, а Реал веќе се гледа како следната дестинација за суперталентираниот француски фудбалер. Значи, прашање на време е кога ќе се случи овој трансфер. Во некои од најслободните проценки веќе оваа сезона, но најреално е тоа да се случи следното, кога би биле исполнети условите за да се случи врска од почетокот на оваа приказна, до вчера непоимлива – доаѓањето на Роналдо кај Меси.
Она за што сонуваа шефовите на многу од најбогатите клубови, милиони навивачи и љубители на фудбалот, што предизвикува „влажни соништа“, може да го постигне газдата на Пари Сен Жермен, кој покажа дека ништо не е невозможно во светот на фудбалот.
За неговиот мандат во клубот, кој влегува во својата десетта година, тој донесе асови како Бекам, Ибрахимовиќ, Кавани, Нејмар, сега ја помести границата со Меси, и ако успее со Роналдо, ќе се крене на пиедестал како еден од најспособните менаџери на еден клуб.
Се разбира, целото ова сценарио е во доменот на теоријата, иако се уште е многу интригантен факт што води кон „воденицата“ на Келаифи, дека договорот на Роналдо со Јувентус истекува следното лето и тој станува слободен да избере нова средина.
Прашањето што тогаш ќе си го постави Португалецот е: кој клуб стана најголем магнет за најголемите имиња во фудбалот? Затоа што најголемите одат таму каде што се најголемите.
Мбапе ќе се пресели во Реал и ќе остане празно место во нападот во кој Меси и Нејмар дотогаш ќе се одомаќинат…