Меси и уште 9 играчи не тренираа со Аргентина

од Vladimir Zorba

Десет репрезентативци на Аргентина, на чело со Лионел Меси и Анхел Ди Марија, го пропуштија денешниот отворен тренинг на тимот.

Селекторот на Аргентинците, Хорхе Сампаоли им даде одмор на Меси и Ди Марија, како и на голманот Вили Кабаљеро, дефанзивците Маркос Рохо, Николас Отаменди, Николас Таљафико, халфовите Едуардо Салвио, Хавиер Маскерано, Лукас Билија и Масимилијано Меса.

Аргентина ќе го одигра својот прв натпревар на Мундијалот против Исланд на 16 јуни во Москва.

Слични содржини