Меси испиша историја со нов рекорд

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Фудбалската репрезентација на Аргентина славеше тесна победа од 1:0 против Перу во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

На овој натпревар, Лионел Меси го одигра својот 191 натпревар за Аргентина, со што дополнително го зацврсти статусот на рекордер по бројот на настапи. Досега има постигнато 112 гола за националниот тим, што го прави најдобар стрелец во историјата на аргентинската репрезентација.

Иако не беше меѓу стрелците на натпреварот против Перу, 37-годишниот Меси уште еднаш покажа колку е важен дел од репрезентацијата. Во 56. минута го „вработи“ Лаутаро Мартинез кој го постигна единствениот гол на натпреварот.

Тоа беше 58-ма асистенција за Меси во Аргентина. Со ова тој се израмни со Лендон Донован, американската легенда, на врвот на листата на играчи со најмногу асистенции во историјата на националниот фудбал. Со оглед на тоа што Меси продолжува да се истакнува на теренот, се очекува наскоро да го подобри овој рекорд.

Слични содржини