Лионел Меси е идол на стотици милиони момчиња ширум светот, но веројатно нема обожаватели толку верни како стогодишниот Хернан Мастранџело.
Дон Хернан е познат по тоа што го напишал секој гол што Меси го постигна во својата тетратка.
Или за Барселона, или за Аргентина, а пред неколку дена ја прослави првата титула на „гаучосите“ на Копа Американа по скоро 30 години.
„Тој не знае технологија, нема телефон, интернет или лаптоп. Тој ги запишува сите погодоци во тетратка. Ги гледа сите натпревари. Секој пат кога Меси игра за Барса. Кога не може да гледа ТВ , тој ми се јавува да ме праша колку голови има постигнато Меси“, раскажува внукот на Хернан, Џулијан.
Сепак, трофејот на Копа Америка не беше најголема радост за Хернан оваа недела. Тој доби специјална честитка за неговиот 100-ти роденден.
„Здраво Ернан. Приказната за тебе дојде до мене и ми се чинеше лудо што ги следиш головите на тој начин. Сакам да ти испратам голема прегратка и да ти се заблагодарам за тоа што го правиш, што ме следеше и ми посакуваше најдобро. Се гледаме наскоро“, му рече Лео Меси лично.
El abuelito se llama Hernán, tiene 100 años y cada vez que Messi hace un gol, lo anota en un cuaderno. Lionel se enteró y después de salir campeón de la Copa América, le mandó un saludo, a través de un video.
Agarren pañuelos. pic.twitter.com/t7EXeDAXeE
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) July 14, 2021
„Немој да ми кажеш дека е Меси“, му рече Хернан на својот внук.
“Да, тоа е Меси. И тој ти испраќа поздрав“, одговори Џулијан.
„Каде е тој? Дома?“, праша возбудениот старец.
„Тој е дома во Барселона, но ти испрати видео“, му рече внукот.
Во тетратката на Хернан се запишани над 730 голови на Меси, но веројатно има малку кои го направија посреќен од пораката за неговиот 100-ти роденден.