295
ПСЖ го победи Нант со 3-1 во натпреварот од 14. коло на француската Лига 1.
Во 65. минута поради старт надвор од шеснаесетникот Кејлор Навас доби црвен картон, домаќините останаа со играч помалку.
Нант го искористи тоа и десет минути подоцна преку Коло Муани го израмни резултатот.
ПСЖ го врати водството во 81. минута кога Апиа си постигна автогол, а шест минути подоцна Меси ги постави конечните 3-1.