Лео Меси објави дека ќе остане во Барселона и наредната сезона, десет дена откако испрати писмено барање да му се дозволи да си замине како слободен играч.
Тој во интервју за goal.com ја објаснува својата верзија на настаните кои се случуваа во последно време, вели дека претседателот Бартомеу не си го исполнил ветувањето дека ќе го пушти.
„Раководството на чело со Бартомеу е катастрофа. Клубот нема никаков проект, само потполнуваат дупки. Му кажав на претседателот дека сакам да си одам и тоа му го зборувам веќе 12 месеци, но на крајот одлучив да останам затоа што не сакав работата да заврши на суд“, истакнал Меси и дополнил:
„Им реков на луѓето во клубот, посебно на претседателот дека сакам да си одам. Тоа му го зборував цела година. Верував дека на клубот му се потребни нови, млади лица и дека моето време заврши. Жал ми е бидејќи секогаш зборував дека токму тука сакам да ја завршам кариерата. Ова беше тешка година во која многу патев. Претседателот цела година ми зборуваше дека на крајот можам да одлучам дали ќе останам или ќе си одам, но на крајот не го одржа зборот“.