На крајот на март оваа година, Србија и Португалија одиграа култен натпревар на „Маракана“. Заврши 2-2, но главната приказна беше непризнатиот гол на Кристијано Роналдо. Иако топката ја премина линијата за еден метар, на мечот немаше ВАР технологија за да укаже на погрешната одлука на судиите.
После тоа, Роналдо налутено ја фрли капитенската лента, еден од присутните крај теренот ја зема, и во Србија започна аукција со цел да се соберат средства за лекување на бебето Гаврило Ѓурчевиќ од Крагуевац. Осуммесечниот Гаврило страда од спинална мускулна атрофија, многу тешка и прогресивна болест која често завршува со смрт. Потребни се 2,5 милиони евра за третман и операција на малиот Гаврил, а досега се собрани приближно еден милион евра, пренесе Индекс.хр.
Португалскиот напаѓач со задоволство одговори на акцијата и го испрати својот потпишан дрес, а сега му се придружи и Лионел Меси. Клучна улога имаше Миралем Пјаниќ, преку кого српските медиуми успеаја да лобираат да му земе потпишан дрес на Аргентинецот, кој исто така ќе заврши на аукција.
Според „МоцартСпорт“, досега се собрани над милион евра. Се проценува дека за еден од најскапите лекови во светот би биле потребни исто толку, па дресот на Меси пристигна во вистинско време. Така, двајца големи ривали и најдобрите фудбалери на сите времиња се обединија околу една благородна акција.