Меси на удар на критичарите поради гласањето во изборот за Најдобар играч на светот

од Vladimir Zorba
298 прегледи

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ја доби наградата за најдобар фудбалер на ФИФА за 2021 година. Оваа награда Полјакот ја доби и минатата година, а годинава славеше со 48 поени, четири повеќе од Лионел Меси и девет повеќе од Мохамед Салах кога беа пребројани сите гласови на капитените на репрезентациите, новинарите, навивачите и тренерите.

Левандовски доби двојно повеќе гласови од навивачите од Меси, но победи убедливо во изборот на новинарите, тренерите и капитените на сите репрезентации на ФИФА. Левандовски го стави Жоргињо на првото место, Меси на второто и Кристијано Роналдо на третото.

Лионел Меси ја шокираше јавноста со својот избор бидејќи не му даде ниту бод на полскиот напаѓач. За Меси најдобар во 2021 година беше Нејмар, зад него Килијан Мбапе, а на третото место го стави Карим Бензема. Поради ова гласање, Аргентинецот се најде на удар на јавноста која го критикуваше на социјалните мрежи.

Од друга страна, Кристијано Роналдо како капитен на Португалија го стави Левандовски на првото место пред Н`Голо Канте и Жоргињо.

Слични содржини