Меси надвор од идеалниот тим на УЕФА

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Кристијано Роналдо од Реал (Мадрид) кој ги привлече погледите на целиот свет со фамозните задна ножици и голот против Јувентус (3:0) во Торино, очекувано беше вклучен во идеалниот тим на УЕФА по првите средби од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Најголемиот конкурент на Португалецот и ѕвезда на Барселона, Лионел Меси сепак не е присутен во составот, откако не блесна при убедливата победа на каталонците со 4:1 против Рома, чии фудбалери си постигнаа два автогол.

Идеален состав на УЕФА по првите четвртфинални дуели во ЛШ: Кариус (Ливерпул), Марсело (Реал Мадрид), Пике (Барселона), Карвахал (Реал Мадрид), Рибери (Баерн), Тиаго (Баерн), Окслеид-Чембрлен (Ливерпул), Сарабија (Севиља), Суарез (Барселона), Роналдо (Реал Мадрид), Салах (Ливерпул).

Слични содржини