МЕСИ НАЈАВИ КРАЈ: Свесен сум дека ова се последните битки

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Аргентина повторно е во финалето на Копа Америка. Актуелниот светски и континентален шампион кон одбрана на тронот го влече Лионел Меси, кој по мечот со Канада најави крај на репрезентативната кариера.

– Дозволете ние како тим, како група да уживаме во сето она што го доживуваме, во она што се случува. Ќе повторам дека не е лесно повторно да се биде во финалето, да се натпреваруваш, да бидеш шампион. Тоа што го постигнуваме е многу тешко. Мора да уживаме, бидејќи не е лесно. Ајде да уживаме, ова го доживувам како на последната Копа Америка и последното Светско првенство. Многу уживам и свесен сум дека ова се последните битки. Целосно уживам – изјави Меси.

Против Канада, Меси по 109-ти пат во кариерата ја најде мрежата за аргентинската репрезентација и со тоа стана втор најдобар стрелец кај репрезентативците зад Кристијано Роналдо, а исто толку голови како и Меси постигна Иранецот Али Даеи.

Во големото финале кое в недела ќе се игра во Мајами, Аргентина ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Уругвај и Колумбија.

Слични содржини