Меси не игра на дербито против Лион

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Пари Сен Жермен официјално соопшти дека Лионел Меси нема да игра во недела, на гостувањето кај Лион, во натпреварот од 20. коло на француската Лига 1.

Да потсетиме, Меси имаше позитивен тест на коронавирус за време на божиќните и новогодишните празници, додека беше во родната Аргентина. Меѓутоа, во вторник, на 5 јануари, Меси доби два негативни теста на КОВИД-19, што му донесе право да се врати во Париз.

Но, водечкиот француски тим во Лига 1 откри дека Меси „ќе го продолжи својот индивидуален протокол за опоравување во следните неколку дена“.

Во ПСЖ моментално се позитивни на КОВИД-19 Анхел Ди Марија, Јулијан Дракслер, Данило Переира, Лајвин Курзава и Џанлуиџи Донарума.

ПСЖ моментално води на табелата и има десет бода повеќе од Марсеј кој е втор. Лион е само на 13. место.

По Лион, ПСЖ првиот следен натпревар ќе го одигра на 15 јануари на домашен терен против Брест, пренесе „Хина“.

Слични содржини