Напаѓачот на Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси откри дека уште од мал бил силно критичен кон себе.
„До денешен ден останувам самокритичен. Во однос на фудбалот, јас сум мојот прв критичар. Не ми треба никој да ги оценува моите постапки. Јас сум првиот што прашува дали нешто во мојата игра не оди како што треба“, рече Меси, цитиран од Diario Sport.
Претходно Меси зборуваше за тоа кои спортови ги сака покрај фудбалот.
„Сакам тенис, падел, кошарка и американски фудбал. Научив многу за американскиот фудбал и сега го разбирам подобро“, изјави Меси за подкастот „Биг Тајм“.
Од минатото лето 36-годишниот Меси настапува за американскиот клуб Интер Мајами. Оваа сезона во МЛС, напаѓачот одигра 3 натпревари, постигна 3 гола и направи асистенција.