Роналд Куман молчеше четири месеци, а потоа даде големо интервју за холандските медиуми во кое откри се што се крие зад неговото заминување од Барселона.
Куман доби отказ на почетокот на ноември, оттогаш не се огласи, но сега откри важни детали за случувањата во Барса.
Куман тврди дека никогаш не ја почувствувал поддршката од Жоан Лапорта и неговата управа и дека Чави добил повеќе време и доверба за својата работа.
„Лапорта илјада пати ми кажа дека Чави нема да биде тренер бидејќи му недостига искуство. Имам впечаток дека од првиот ден немав поддршка од управата и Жоан Лапорта. Нема да одам на „Камп Ноу“ некое време, не можам да се правам дека се е добро додека овој претседател е на функција“, рече Куман и продолжи:
„И би сакал да ги имав засилувањата што ги донесе Барса оваа зима. Работев без многу играчи од почетокот на оваа сезона. Сега Педри и Дембеле се тука и се изгледа прилично добро. Едноставно не го добив истиот третман како Чави. Мило ми е што работите да одат на подобро. Среќен сум за играчот, особено за Френки де Јонг, кој конечно игра на ниво. Тој е врвен играч“, изјави Куман.
Холанѓанецот се осврна и на болната тема за заминувањето на Лео Меси.
„Поради управата морав да се согласам да оставам некои важни играчи бидејќи економската ситуација беше лоша. Сепак, по заминувањето на Лео Меси, можете да видите дека донесоа некого за 55 милиони, зошто тогаш Меси мораше да замине и дали мораше? Нешто тука не е во ред…“, рече Куман.
Дали Холанѓанецот нешто излажа?
Па доста работи… Прво дојде Феран Торес за 55 милиони, но по принципот на плаќање во следните четири години, со првата рата во сезоната 2022/23.
Второ, Куман по доаѓањето имаше квартет Меси, Суарез, Гризман и Дембеле, а порасна и Ансу Фати. Го избрка Уругваецот, затоа што не му треба, кој потоа му ја донесе титулата на Атлетико, а потоа на истата позиција следното лето го побара Лук де Јонг, бидејќи „Гризман не е класичен напаѓач“, иако го зборуваше тоа кога го избрка Суарез.
Чави е на клупата четири месеци, а Куман беше тренер под оваа управа двојно повеќе, од март до крајот на октомври 2022. Летово ги доби Ерик Гарсија, Агуеро, Депај, неколку пати одби да го доведе Дани Алвеш , кој моментално е најдобар бек во тимот. Цело време инсистираше на Лука де Јонг и Вајналдум, кој се распадна во Пари Сен Жермен.
Излишно е да се зборува за стилот на Барса под палката на Чави и Куман. Куман, на пример, не успеа да постигне гол во три врзани натпревари против Атлетико Мадрид, а Чави им спакува четири за 50 минути …
Единствената вистина е дека есенва имаше ослабен тим, бидејќи Педри и Дембеле се повредија, но тоа не беше оправдување за срамните порази од Бенфика, Рајо Ваљекано, очајното „Ел Класико“ …