Меси не сака да се пензионира пред да одигра уште една сезона со Барселона

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Најдобриот фудбалер во историјата на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, следната календарска година повторно ќе стане првотимец на каталонскиот гигант и дури потоа ќе се пензионира.

Сонот на секој навивач на клубот „Камп Ноу“ би можел да се оствари, тврди познатиот новинар Алекс Каналд, кој во минатото покажал дека има добри информации кога е во прашање легендарниот Аргентинец.

„Кој прв објави дека Лионел Меси ќе се пресели во Интер од Мајами? Не бев јас? Па, сега ви кажувам дека ќе се врати во Барселона“, напиша Кандал.

Притоа, тој во својата објава ги цитираше зборовите на самиот Аргентинец, кој рече дека нема шанси да се повлече пред да одигра натпревар на реновираниот стадион „Камп Ноу“.

Актуелниот договор на Лионел Меси со клубот од САД истекува на крајот на оваа календарска година и тој би можел слободно да се врати во Барселона веќе во јануари.

Слични содржини