Меси нема да ја заврши кариерата во Барса

од Vladimir Zorba
170 прегледи

ЛИОНЕЛ Меси треба да потпише продолжување на договорот со Барселона, но не и да ја заврши кариерата во клубот во кој пристигна како момче и досега не се мрдна од него.

Аргентинската sвезда е на чекор до потпишување нова соработка со клубот, тврди каталонскиот ТВ3, додавајќи дека неговиот татко и агент успешно преговарале со управата на Барселона.

Договорот на Меси со Каталонците истекува во јуни годинава.

Аргентинецот не беше задоволен од ситуацијата во тимот во текот на сезоната и веќе навести дека ќе го напушти клубот. Сега се тврди дека состојбата е подобрена. Барселона има реални шанси да ја освои титулата, што исто така ги зголеми шансите да остане нејзиниот најдобар играч.

Според ТВ3, Меси е подготвен да игра за помалку пари отколку порано, а за возврат се очекува да добие место во раководната структура на клубот по завршувањето на кариерата.

Каталонската телевизија исто така додава дека планот на Меси е да игра во Барселона уште две години, но не и да ја заврши кариерата таму. Неговата цел е да замине во МЛС-лигата каде што би завршил со играта, а потоа би се вратил во Барселона и ќе преземе една од улогите во клубот.

Слични содржини