Лионел Меси пристигна во Барселона, но бидејќи се уште е на одмор по плодната сезона во која конечно ја освои Копа Америка, главниот град на Каталонија е само попатна станица за понатаму. Sвездата на Барса традиционално оди на Ибица каде ќе го помине остатокот од одморот пред да се приклучи на Барса во нови предизвици.
Меси се уште го нема продолжено договорот со Барселона, но прашање на време е кога тој ќе ја продолжи верноста кон единствениот клуб што го познава и ќе ја тргне етикетата на слободен агент од неговото име. Барса работи напорно за да се подготви за новата сезона, а нејзината најголема sвезда треба да се приклучи дури откако ќе завршат подготовките. Со други зборови, Меси треба да ги пропушти сите пријателски натпревари и да дојде во клубот непосредно пред почетокот на новата сезона.
Иако животот на Лионел Меси во моментов е во мирни води, тој повторно успеа да дојде во центарот на вниманието. Овој пат поради неговата сопруга Антонела, чие видео го објави на социјалните мрежи.
Намерата, се разбира, не беше погрешна ниту можеше да претпостави каков хаос ќе предизвика меѓу навивачите. Тој ја сними својата сопруга од малку незгоден агол, па коментарите беа за спортскиот задник на Антонела.
Меси набрзо го избриша видеото, но беше предоцна бидејќи некој веќе го снимил, па тоа заврши на страниците на сите шпански медиуми. Ова видео гопушти и шпански AS.
Како и да е, Меси е навистина среќен човек.