Фудбалерите на ПСЖ го победија Лион на домашен терен во шестото коло од францускиот шампионат по драматичната завршница со резултат 2:1.
По првото полувреме без голови, Лион го шокираше домаќинот кога Пакета постигна гол во 54. минута за предност на својот тим.
Сепак, само 12 минути подоцна, Нејмар донесе израмнување и навести возбудлив крај.
Маурисио Покетино одлучи да го извади од игра Лео Меси во 76. минута, кој повторно одигра лош натпревар, и го испрати Ашраф Хакими на теренот.
На Аргентинецот не му се допадна тој потег, па помина покрај Покетино видно незадоволен и не сакаше да му подаде рака.
До крајот на натпреварот, домаќинот успеа да избегне нов неуспех, по ремито во Лигата на шампионите, и да го задржи максималниот учинок во домашното првенство, преку голот на Икарди.
Messi is not happy with the substitution pic.twitter.com/Ad3vdFFjwx
— 𝓒𝓱𝓮 ⍟ 🇦🇷 💔 (@CheWisam) September 19, 2021
Фото: PROFIMEDIA