Меси одбил плата од 2 милиони евра неделно од кинески тим

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Кинескиот клуб Хебеи Фортун беше подготвен да и плати 300 милиони евра на Барселона за Лионел Меси и 2 милиона евра неделна плата за Аргентинецот, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Како што е познато, сумата од 300 милиони евра беше поставена во аргентинската клаузула за откуп пред Лео повторно да го продолжи својот договор.

На крајот, петкратниот освојувач на „Златна топка“ ги одби кинезите и парафираше нов договор со Барса до 2021 година, според кој ќе зема „само“ 566.000 евра неделно.

Според условите на новиот договор, Лео стана најплатен фудбалер во светот, а Хебеи се задоволи со привлекувањето на неговиот сонародник Хавиер Маскерано. Тренерот на тимот е Мануел Пелегрини, а во тимот игра уште еден близок пријател на Меси – Езекиел Лавеци.

Слични содржини