МЕСИ ОДИ НА ДОЛГА ПАУЗА: Причината датира од пред 2 МЕСЕЦИ!

од Vladimir Zorba
464 прегледи

Лионел Меси во Париз, а не Лионел Меси од Барселона. Тоа им е јасно на врапчињата, но и на Маурицио Почетино …

А кога ќе почне да игра како на времето, тешко е да се каже. Тоа нема да биде случај во следните неколку натпревари, бидејќи нема да биде на теренот поради повредата со која се здоби пред два месеци.

Јужноамериканскиот „Инфобае“ тврди дека Меси би можел да ги пропушти следните неколку натпревари. Причината – болки во коленото, предизвикани пред точно два месеци против Венецуела при „крвничкиот“ старт на Луис Мартинез.

Истото колено за кое го замени Почетино против Лион на петнаесет минути пред крајот на натпреварот. Меѓу другото, тој се пожали и на болката против Лил, кога на полувремето остана во соблекувалната.

По ударот во левото колено, Меси утрово направи магнетна резонанца, со што се потврдуваат знаците на контузија на коските“, пишува во медицинскиот извештај што го објави Пари Сен Жермен по прегледот.

Меси ги одигра сите деведесет минути во следните два натпревари за репрезентацијата, против Боливија дури постигна и хет-трик, но очигледно со себе ја влечел повредата што може да биде една од причините за послабите игри во Пари Сен Жермен (без гол во Лига 1).

Затоа, истакнува „Инфобае“, решил да стави крај на маките и да се обиде трајно да ја залечи повредата на клиника во Мадрид. Споменатиот извор напоменува дека оваа клиника му е добро позната, бидејќи ја санирал повредата на лигаментите на коленото во 2015 година по последниот освоен трофеј во Лигата на шампионите.

А дали е проблем само коленото или односот помеѓу играчот и тренерот, односно соиграчите, времето ќе покаже.

Слични содржини