
Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси ги повика Шпанците да не ги напуштат своите домови поради пандемијата на коронавирус.
Во Шпанија, над 6.000 луѓе во моментов страдаат од вирусот.
Скоро 200 луѓе починаа, а скоро 600 се опоравија, па затоа Лионел Меси, една од најголемите фудбалски sвезди на планетата, ги повика луѓето од Шпанија да не ги напуштат своите домови.
– Ова е момент да се однесуваме одговорно и да останеме во нашите домови. Загрижени сме за тоа што се случува и сакаме да помогнеме да се ставиме на местото на оние што имаат најголеми тешкотии, било затоа што директно погодени тие или нивните семејства или пријатели, или затоа што го прават на првите линии во болниците, рече Меси на социјалните медиуми.