„Меси посреќен со Лапорта, ќе остане во Барселона“

од Vladimir Zorba
407 прегледи

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Ривалдо е убеден дека Лионел Меси ќе остане во Барселона и во наредните години.

Ривалдо го носеше дресот на Каталонците од 1997 до 2002 година и беше најдобриот фудбалер на светот во тој период.

– Барселона напредуваше во последните неколку недели, Меси е во одлична форма, а на тимот исто така влијаеше промената на претседателот. Меси изгледа посреќно откако се врати Лапорта, тој е човек кој добро го познава. Затоа верувам дека има големи шанси да остане и да потпише нов повеќегодишен договор – изјави Ривалдо, цитиран од Goal.com.

Меси има договор со Барселона до крајот на јуни годинава.