Фудбалската репрезентација на Аргентина е на чекор до пласман на Светското првенство во Катар, бидејќи на гостински терен го совлада Уругвај со 1:0 и суверено ја држи втората позиција!
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Анхел Ди Марија во 7. минута. Асистент на единствениот гол беше Пауло Дибала.
Лионел Меси (повреден пристигна на натпреварите) седеше на клупата до 76. минута.
На овој начин, сметајќи ја годинашната Копа Америка, Аргентинците ја зголемија серијата без пораз на 26 меча, додека Уругвај остана во групата на селекции кои френетично се борат за Мундијалот. Да потсетиме, првите четири репрезентации ќе одат директно, а петтата ќе треба да оди во бараж.
„Урусите“ моментално се шести со 16 бодови, колку што имаат Чиле и Колумбија на 4-та и 5-та позиција, а најдобрата шанса против Аргентина ја имаа преку Луис Суарез, кој ја погоди стативата во првото полувреме. Блиску беа и Весино и Алварез, но голманот на „гаучосите“ Емилијано Мартинез беше на висина на задачата.
Аргентина сега има 28 бода на таа втора позиција и математички и недостасуваат уште четири бода. Иако доколку за четири дена го совладаат Бразил на домашен терен, речиси сигурно и официјално ќе резервираат билет за Катар.