Меси повторно стана татко, го пропушта мечот со Малага

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Добри вести за Лео Меси! Аргентинецот стана татко по трет пат и како резултат ќе го пропушти натпреварот со Малага вечерва, соопштија шпанските медиуми.

Од Барселона соопштија дека во последен момент има промена во групата за натпреварот, откако наместо суперѕвездата, кој отсуствува од лични причини, во неа влегува Јери Мина.

Причината Меси да не биде со тимот е раѓањето на третото дете кое ќе го носи името Сиро. Лео и неговата сопруга Антонела имаат уште два сина – Матео и Тиаго.

Недостатокот на Меси сепак едвај ќе биде фатален за Барса, бидејќи тимот има 8 поени предност пред Атлетико во рангот, а домаќините од Малага се последни со 6 последователни порази, без победа во 12 натпревари и едвај ќе можат да направат нешто.

Слични содржини