Меси пристигна во ПСЖ, а француската лига итно промени едно правило поради него!

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Лионел Меси пристигна помпезно во Париз, придружуван од многу државници, се договори за двегодишна соработка со Пари Сен Жермен, а потоа се случи нешто што малкумина го очекуваа.

Славниот Аргентинец, кој беше член на првиот тим на Барселона 16 години и со кого се раздели минатата недела, бидејќи неговиот претходен клуб не можеше да го усогласи договорот со Лео и правилата за финансиски фер-плеј (поради големите долгови, и обврските според новите прописи, само дел од приходот може да се одвои за плати на играчите), нема да го носи дресот со број 10 во ПСЖ, кој остана за Нејмар, туку 30.

А за да се случи тоа, требаше да се смени едно правило во францускиот фудбал.

Имено, локалните фудбалски прописи предвидуваат дека бројот 30 е резервиран за – чувари на мрежата.

Пари Сен Жермен се обрати до раководството на Лига 1, како што официјално се нарекува француското првенство, и побара во оваа прилика да „погледнат низ прсти“.

Челниците на шампионатот го послушаа барањето на клубот од главниот град, па во итна постапка, дадена е дозвола Лионел Меси да игра во дресот со број 30, а тој веќе беше фотографиран во него.

Овој факт го поздрави и славниот кошаркар во НБА, Стеф Кари, кој преку социјалните мрежи му посака добредојде на Аргентинецот во ПСЖ, чиј почесен дрес со број 30 го има и самиот.

Да потсетиме, Лионел Меси оваа среда официјално ќе биде претставен пред јавноста како нов член на париските „светци“, а според локалните медиуми, тој ќе заработува 75 милиони евра во следните две сезони.

Имено, 25 милиони се бонус за потпишување на двегодишен договор, а 25 милиони нето, односно по одбивање на данокот, го чека во секоја од двете претстојни сезони.

Слични содржини