294
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси не тренираше поради гастроентеритис, но е во тимот за вечерашниот натпревар против Ница.
Според парискиот клуб, Меси не тренирал во вторникот поради гастроентеритис, ден откако ја доби рекордната седма „Златна топка“.
И покрај неговото отсуство, тренерот Маурисио Почетино го вклучи во тимот за дуелот против Ница од 21 часот. Во тимот е и Марко Верати кој се врати по паузата поради повреда на грбот.
Во тимот нема да бидат Нејмар и Серхио Рамос.
Нејмар нема да игра до средината на јануари поради повреда на лигаментите на левиот скочен зглоб.
Според парискиот клуб, Рамос бил изоставен да одмори, а ист е случајот и со Хуан Бернат.