Меси се предомислува за репрезентативната пензија

од Nikola Popovski
3,1K прегледи

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека може да настапи на Светското првенство во 2026 година доколку се чувствува добро и мисли дека може да се натпреварува и да им помогне на своите соиграчи.

Како капитен, Меси ја предводеше Аргентина до титулата светски шампион во Катар во 2022 година, каде што ја освои Златната топка за најдобар играч.

Претходно изјави дека Мундијалот ќе му биде последен, но сега ја остави можноста да заигра на Мундијалот кој за две години ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

„Ќе зависи од тоа како се чувствувам, како сум физички и колку сум реален кон себе. И да знам дали сум на висина на задачата да се натпреварувам и да им помагам на моите соиграчи“, изјавил Меси за „Infobae“, пренесе „Eurosport“.

Меси овој месец ќе наполни 37 години, а минатото лето го напушти европскиот фудбал и од Мајами се пресели во Интер. Меси на следниот Мундијал ќе има 39 години.

Има уште време и не знам како ќе бидам во тој момент“. И моите години се реалност, иако се само бројка. Натпреварите што ќе ги играм не се исти како оние што ги играв во европските натпреварувања, каде што беа на секои три дена, или во Лигата на шампионите или во лигите во кои играв, во Франција и Шпанија. Но, зависи од тоа како се чувствувам и како се чувствувам покрај моите соиграчи и да видам дали сум на висината на задачата или не“, изјавил Меси.

Летово за репрезентацијата ќе игра на Копа Америка во САД каде Аргентина ја брани титулата. Аргентина првиот натпревар ќе го одигра на 20 јуни против Канада во Атланта, а во групата А се и Перу и Чиле.

„Мислам дека Аргентина е секогаш фаворит и покрај тоа што го освоивме сето тоа. А кога не ги постигнавме нашите цели, Аргентина секогаш беше фаворит. Кога ќе започне натпреварувањето, без разлика дали тоа е Светско првенство, Копа Америка или друго, Аргентина е кандидат како Бразил, а уште повеќе на претстојнава Копа Америка“, рекол Меси.

Аргентина ќе се обиде да се „одлепи“ од Уругвај и да стане рекордер на натпреварувањето со 16 трофеи.

„Мислам дека денеска јужноамериканските тимови се многу силни. Уругвај е многу добар, Колумбија, Еквадор. Потешко е да се играат сите тие натпревари, но мислам дека оваа Копа Америка ќе биде изедначена“, додал Меси.

Слични содржини