Лионел Меси доби одмор од Маурисио Почетино и се врати во Барселона, каде за прв пат по неколку месеци се сретна со каталонскиот тренер Чави Ернандез. Повод беше роденденот на тренерот кој денеска полни 42 години. Иако порано, Чави ги собрал Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба на вечера во јапонски ресторан во каталонската престолнина, пишува „Мундо Депортиво“.
Големата ѕвезда на ПСЖ не беше повикан од селекторот на Аргентина Лионел Скалони за претстојните натпревари, бидејќи до неодамна се опоравуваше од коронавирус. Ова му даде можност на Меси да се врати во Барселона.
Чави, Меси, Бускетс и Алба се добри пријатели, но додека Ернандез секој ден ги гледа последните двајца, ова е негова прва директна средба со Аргентинецот откако се врати од Катар за да ги води „блауграните“.