Фудбалерите на Барселона во неделата ја прекинаа серијата од седум победи во шпанската Ла Лига, откако ремизираа со Кадиз во натпреварот од 24. коло. Голот вреден бод за конечни 1:1 од пенал во 89 минута го реализираше Фернандез за гостинскиот тим, со што ја анулираше предноста на Барса, по реализираниот пенал на Лионел Меси од 32-та мунута.
На мечот во кој тој стана играч на Барселона со најмногу настапи во шпанскиот шампионат, оставајќи го Чави Ернандез со 505 настапи зад себе, Меси ја продолжи серијата голгетери и стигна до својот 16-ти гол во 21-от лигашки натпревар оваа сезона.
Тој постигна девет од нив на неговите последни шест натпревари, што е серија погодоци во последователни игри нво каква не беше веќе две години, односно од сезоната 2018/2019 во која постигна 36 голови во лигата и вкупно 51.
Во актуелната серија, тој беше двапати прецизен во пробите против Атлетико, Гранада и Алавес, по еднаш ја затресе мрежата на новиот натпревар против тимот од Билбао, а потоа и на Бетис пред да го постигне својот прв гол за Кадиз.