Аргентинскиот фудбалски волшебник Лионел Меси конечно успеа да освои трофеј во својата кариера со националниот тим – неодамна завршената Копа Америка, каде во финалето на Маракана го совлада Бразил со 1-0.
Не е ни чудо што Меси руши рекорди на фудбалскиот терен, но тој почнува да ги поставува надвор од него.
Така, неговата слика што ја објави на Инстаграм ги сруши сите рекорди на оваа социјална мрежа. Таа доби над 20 милиони лајкови.
На фотографијата, во соблекувалната на стадионот „Маракана“, Меси го прегрнал огромниот пехар на Копа Америка, кој го чекаше 16 години.
– Какво лудило. Ова е неверојатно. Фала богу. Ние сме шампиони, напиша Меси.
Така, Меси го надмина рекордот на Кристијано Роналдо, кој „собра“ 19,8 милиони лајкови објавувајќи фотографија во чест на Диего Марадона.