Меси вечерва по седми пат ќе ја освои Златната топка?

од Vladimir Zorba

Свечено соопштение ќе следи вечерва во 21 часот, но како што своевремено објави португалската телевизија „РТП Деспорто“, нема драма – речиси сигурно е дека фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси (34) по седми пат во кариерата ќе ја освои „Златната топка“.

Така, Аргентинецот само ќе го подобри статусот на врвот на добитниците на престижната награда, додека Кристијано Роналдо (36) ќе остане на пет награди.

Зад Меси се Роберт Левандовски (33) од Баерн Минхен и Карим Бензема (33) од Реал Мадрид. Но, според шпанските медиуми, споменатото дуо не е ни блиску до освојувачот. Да потсетиме, наградата ја доделува „Франс Фудбал“ или 180 новинари кои избираат од 30 кандидати.

После тоа, педесет специјалисти новинари го избираат најдобриот играч давајќи бодови на првите петмина- шест, четири, три, два или еден поен.

Меси ја освои Копа Америка со Аргентина, а тоа би требало многу да му помогне во освојувањето на наградата пред „моралниот победник“ од минатата година, Роберт Левандовски.

Исто така, истото признание ќе го добие и најдобрата фудбалерка, а тука главниот фаворит е Алексија Путелас (27) од Барселона.

Голем фаворит за најдобар млад фудбалер е Педри (19) од Барселона.

Настанот започнува во 20 часот во францускиот „Theater du Chatelet“

Слични содржини