Меси веќе не е најдобриот Аргентинец во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Целата фудбалска магија во средата се виде во завршниците на дуелите во Ајндховен и Монако, каде ПСВ и Бенфика остварија пресврт и победија со по 3:2. Португалците го победија членот на Лига 1 и ја искористија предноста од играч повеќе.

Творец на се беше Анхел Ди Марија, Аргентинецот кој доминира на теренот и на 36-годишна возраст особено се истакна во последните неколку недели, па го почести Порто со два гола, неодамна постигна „хет-трик“ со одлични ножички, а сега испиша историја со две асистенции.

Крилниот напаѓач во 84. минута со милиметарска прецизност го пронајде Артур Кабрал за 2:2, а четири минути подоцна го прослави и Зеки Амдуни.

На овој начин стигна до бројката 41 во елитата, оставајќи го зад себе еден од двајцата најдобри играчи досега Лионел Меси (40) и сега само Кристијано Роналдо му бега за едно додавање!

Ди Марија ќе има уште три натпревари во првенствената фаза за да го собори рекордот, а тоа потенцијално може да го направи во нокаут фазата или следната сезона.

Слични содржини