Меси вреди повеќе од 22 екипи во МЛС лигата!

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Аргентинецот Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, во својот клуб Интер од Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те екипи од МЛС лигата. Ова се податоците објавени од Синдикатот на играчи без да се земат предвид плаќањата на спонзорите.

Меси, кој е актуелен светски шампион со Аргентина, ќе заработи 20.446.667 долари бидејќи Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната. Со 41,7 милиони долари, тимот на Мајами е значително поскап од кој било друг во лигата.

Следува Торонто со 31,8 милиони зелени банкноти, а потоа и двата тима од Лос Анџелес. Галакси издвојува 22,1 милиони долари за плати, а ФКЛА 22 милиони долари.

Освен споменатите четири екипи, повеќе од Меси заработуваат сите фудбалери на тимот на Нешвил (21), Синсинати (21) и Хјустон (20,5).

Слични содржини