Аргентинската фудбалска sвезда Лионел Меси бил платен и со криптовалути за неговиот трансфер во францускиот прволигаш ПСG.
Меси (34) ја напушти Барселона каде помина 21 година и во вторникот потпиша двегодишен договор со ПСЖ со опција за продолжување на уште една година.
ПСЖ во соопштението рече дека фан токените се вклучени во неговиот „пакет за добредојде“.
Клубот не го откри процентот на токените, но додаде дека Меси ги примил „во голем број“. Клубот исто така не ги откри сите финансиски детали од договорот со Аргентинецот.
Што се тоа фан токени?
Токените се тип на криптовалута што им овозможува на сопствениците да гласаат главно за помалку важни одлуки поврзани со нивниот клуб. Меѓу клубовите што ги лансираа токените оваа година се англискиот шампион Манчестер Сити и италијанскиот првак Интер Милан.
Како и биткоинот или другите дигитални валути, фан токените може да се тргуваат на берзата. Исто така, како и другите криптовалути, тие имаат тенденција драстично да скокаат по цените.
ПСЖ објави дека по објавувањето на доаѓањето на Меси, забележано е зголемено тргување меѓу навивачите со фан токени.
„Гласините за неодамнешните трансфери во клубот предизвикаа зголемен интерес за фан токените на ПСЖ со трговија која надминува над 1,2 милијарди долари во деновите пред неговото доаѓање“, се вели во соопштението на парискиот клуб.
Цената на фан токенот се зголеми од 29 долари на 44 долари една недела пред доаѓањето на Меси.