Меси запиша нов рекорд

од Stefanija Kuzmanovska

АРГЕНТИНА и ЧИЛЕ обезбедија пласман во четвртфиналето на Копа Америка, што се игра во Бразил.

Аргентина го победи Парагвај со 1:0 во третото коло од групата А во Бразил, а Лионел Меси го одигра 147. натпревар за репрезентацијата на Аргентина, благодарение на што го стигна Хавиер Маскерано по бројот на настапи во националниот дрес.

Човек на одлука во Бразил беше Алехандро Гомез, кој го постигна единствениот гол на натпреварот, по додавањето на Анхел Ди Марија, во десеттата минута.

Меси, кој го одигра својот прв натпревар за Аргентина на 16 август 2005 година, се изедначи со долгогодишниот соиграч во Барселона, Маскерано во однос на настапите и сигурно ќе стане играчот со најмногу одиграни натпревари за аргентинската репрезентација, чиј најдобар стрелец е со 73 постигнати голови.

Слични содржини