Мета го поддржува Дијалогот Белград – Приштина, но не и промена на граници

од desk2
104 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета првпат го изнесе својот став во врска со големата дебата околу прашањето за промена или не на границите на Косово.


Во интервју за „Албаниан дејли њуз“ (Albanian Daily News) тој изјави дека „Албанија била и останува силен поддржувач на дијалогот Косово – Србија, со поредство на ЕУ и поддршка на САД“.

Тој нагласи дека „посебно значење има почитувањето на основните начела предвидени со повелбата од Хелсинки и од Париз на ОБСЕ за безбедноста во Европа, пред се начелото за неменување на границите“
– Суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово е реалност признаена и прифатена од убедливо мнозинство од земјите-членки на Обединети нации. Го поддржувам ставот на албанската Влада за поддршка на напорите на косовската Влада за зачувување на стабилноста, територијалниот интегритет, мултиетничкиот карактер на косовската држава, истакна Мета.

Тој додаде дека процесот на интегрирање на регионот во ЕУ го гледа како процес, кој границите ќе ги направи незначајни, а не кон наметнување нови граници.