Мета се извини поради тоа што на палестински корисници им го додаде зборот „терорист“

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата „Мета“ се извини откако го вметна зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници на Инстаграм, за што ја обвини „грешката во автоматскиот превод“.

Проблемот ги погодил корисниците на кои во описот на нивниот профил е напишан зборот „Палестинец“, палестинското знаме и зборот „алхамдулила“ напишан на арапски.

„Фала му на Бога, палестинските терористи се борат за својата слобода“, гласи реченицата по автоматскиот превод, пренесува „Гардијан“.

Портпаролот на „Мета“ за британскиот весник изјави дека проблемот е решен и дека автоматскиот превод сега гласи само „Фала му на Бога“.

„Решивме проблем што накратко предизвика несоодветни преводи од арапски. Искрено се извинуваме што се случи тоа“, рече портпаролот.

Слични содржини