Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета со честитка до Христијан Мицкоски за новата премиерска функција.
Во објава на „Фејсбук“, Мета напиша дека „верува дека со својата програма, новата македонска влада ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот“.
-Многу успеси за Владата на премиерот Христијан Мицкоски изгласана синоќа во Собранието на Северна Македонија. Се надевам дека со својата одлична економска програма ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот развој на Северна Македонија.
Посебни честитки до шесте албански претставници во Владата кои верувам дека ќе дадат се од себе за достоинствено претставување на Албанците и остварување на нивните права низ духот на соработката, стои во објавата на екс-претседателот на Албанија.
Уште додека траеше изборната кампања во Македонија, Мета изрази поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата. Тој оценуваше дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучна гаранција за тоа.