МЗТ Скопје Аеродром ќе биде учесник во АБА лигата во наредната сезона 2022/2023. По четири години апстиненција, неколку неуспешни обиди, популарните „металци“ повторно ќе играат во најсилното регионално натпреварување.
Во драматичен натпревар, втор полуфинален на турнирот кој го организира нашиот шампион, кој беше решен буквално во последните секунди, беа за четири поени подобри од екипата на Широки. Обезбедија пласман во финалето, каде ќе играат против Златибор, но со оглед на тоа дека српскиот претставник нема простор за директен пласман во АБА лигата (каде веќе има максимални пет екипи од Србија), дури и со пораз во големото финале, во недела од 19.часот, во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје Аеродром е промовиран во нов член на АБА друштвото.
Првото солидно водство од (16:11) го имаа гостите од Широки, реализирано во нецели седум минути од првата четвртина во кои македонскиот првак играше со енергијата која ја даваше Милошевиќ.
Слични како и во четвртфиналето, „сино-белите“ форсираа шут од далечина. Особено за три поени, и барем во првите десет минути од полуфиналето, не беа толку успешни. Па веќе во наредната минута тренерот Александар Петровиќ мораше да го повика и првиот тајм-аут, при водство на Широки од (18:13).
Она што го почна Милошевиќ, со два точни удари за три поени, го продолжи Дејвис, кој постави (19:20) на истекот на уводната четвртина.
Аеродромци останаа верни на истата тактика, која почна да функционира на почетокот на втората четвртина во која прво Дејвис донесе израмнување (22:22), а Мекиќ, со нова тројка (негова втора), и водство (25:22).
Враќањето на Милошевиќ во игра ја врати онаа висока енергија потребна за вакви нокаут-натпревари во кои нема место за „поправен испит“, видливо и на резултатот.
По мини-серијата од пет поени, МЗТ Скопје Аеродром ја врати предноста на своја страна (32:27) кога се играше 16.минута од второто полуфинале на турнирот во Скопје.
„Сино-белите“ ја продолжија серијата и на (9-0) за највисоките (36:27). Но не го искористија тој моментум, и еуфоријата во доста пополнетото гледалиште во СЦ „Јане Сандански“.
Широки се врати назад во натпреварот со рибрејк од (9-2), стигна до -2, (36:38) пред влегувањето во последната минута од првото полувреме.
Ја одбележија нови две тројки, четвртата на Дејвис, и првата за Војдан Стојановски, за конечни (44:39) за нашиот претставник на финалниот собир од АБА 2 лигата за оваа сезона.
Серијата (10-2) реализирана во нецели четири минути од третиот период, ги донесе „металците“ до најголемата позитива (54:41).
Но слично како и во првото полувреме, екипата од Широки успеа со седум поени по ред да намали на (48:54), и го натера Петровиќ на нова минута за одмор и совети, минута 26…
Кризниот период, оној поентерскиот, ги прекина Николов, го следеше и Д. Стојановски, исто така со точен шут за три поени, за (60:51). Но две грешки во серија на нашиот тим, го вратија мечот, и резултатот од полувремето.
Во четвртината на одлука, МЗТ Скопје Аеродром пренесе четири поени плус (60:56).
А во неа се „отвори“, секако шутерски, капитенот Дамјан Стојановски. Неговите десет поени во серија, го оставија домаќинот во добитничка комбинација. По нецели пет минути, МЗТ Скопје Аеродром имаше седум поени вишок (70:63).
По трет пат се врати Широки, дојде на два чекори зад домаќинот (68:70). Но уште еднаш се „појави“ Николов, погоди на истек на нападот, за (72:68). Д. Стојановски додаде уште еден поен во четвртината, за уште повисоки (73:68), и остави 60. секунди за решение, која од двете екипи догодина ќе игра во летната АБА лига.
Со три слободни фрлања по ред, Божиќ намали на „еден посед“ (71:73).
Домашната екипа не го реализираше нападот. Шансата за продолженија не ја искористи некогашнот „металец“, Иве Иванов, шо што казни Војдан Стојановски за (75:71).