327
Екипата на РК Металург денеска оствари победа со 30:26 против Војводина во СЕХА Газпром лигата.
Во „ВИП арената“, триумфот на македонскиот вицешампион можеше да биде уште поубедлив со оглед на фактот што тимот во еден момент имаше редност и од 12 разлика (22:10). Во вториот дел Металург се опушти а тоа го искористи Војводина за на крајот да си замине со пристоен пораз од четири гола разлика.
Најдобар поединец во составот на Металург беше Јагањац со осум постигнати голови, додека на спротивната страна за српскиот претставник по четири погодоци имаа Надовеза и Радовиќ.
Следниот дуел Металург ќе го игра на 13. февруари во Хрватска против ППД Загреб.