Во послeдните години Владимир Путин постепено го промени својот имиџ и очигледно оваа промена одговара на многу Руси. DW коментира за метаморфозата во сликата на сегашниот руски претседател.

Долго време Русите сметаа дека главното достигнување на Путин е подобрувањето на животното ниво. Резултатите од истражувањето на центарот “Левада” покажуваат дека сега три пати помалку луѓе се убедени во тоа. Повеќето граѓани имаат тенденција да веруваат дека ниските плати и пензии, како и развиорувањето на корупцијата се вклопуваат во графата на основните неуспеси на рускиот претседател. На прво место на листата на успесите на Путин е зголемувањето на одбранбената способност на Армијата. На второ место на оваа листа се наоѓа зајакнувањето на меѓународните позиции на Русија, претекнувајќи го економскиот развој на земјата. Излегува дека во последните години во јавната свест Путин стана од “претседател на задоволителен живот” во “претседател на силната армија”, кој го принудил светот да го почитува. Очигледно оваа промена на имиџот на Путин одговара на многу Руси. Судејќи според највисокиот рејтинг на претседателот, политиката во стил “пушки наместо масло” се радува на одобрување во современа Русија.
Путин не стана рускиот Рузвелт
На Путин не му успее да стане рускиот Рузвелт, кој успеа да победи кризата. Денес го сервираат на општеството како шефот кој ги прероди армијата и меѓународниот авторитет на земјата. Слично позиционирање е карактеристично за диктатори кои си поигруваат со раните од неуспесите и националното самољубие на граѓаните. Пропагандата се обидува да ги принуди луѓето да заборават на економските тешкотии, просляавувајќи ги безбедносните надворешнополитички активности. Неслучајно Русите ги поставуваат на врвот на листата на најуспешните дела на рускиот претседател воената операција во Сирија и анексијата на Крим. Сето ова потсетува на политиката на советското раководство, кое ги потиснуваше зголемените економски проблеми со пропагандата за успесите на СССР “во борбата против светскиот империјализам”. Но во ерата на Брежнев оваа пропаганда стана неефикасна, бидејќи со убави телевизиски митови не можеш да си наполниш фрижидер.
Несрушлива унија меѓу патриоти и рамнодушни
Познатиот социолог и анализатор Леонтиј Бизов опишува три главни типови на идејно-политичка ориентација на Русите: национал-конзервативци (патриоти), либерали и левичари. Сепак најмногубројна група, според неговите истражувања, е онаа на луѓето, кои се целосно индиферетни кон политиката. По анкесијата на Крим и почетокот на конфронтацијата со Западот, патриотите станаа “тврдиот” електорат на Путин. Според нив токму оживувањето на армијата ги оправдува економските тешкотии. Токму тие се подготвени да се помират со одредени економски загуби во името на продолжувањето на руската експанзија во Украина.
Тоталната Путинова пропаганда овозможува на патриотите да поведат по себе и рамнодушни. И овој нерушлива унија меѓу патриоти и индиферетните е основата на Путиновото мнозинство. Либералниот електорат останува во повеќето случаи опозиционен. А Русите кои ги делат левите вредности, не можат да бидат задоволни од социјално-економската политика на денешната власт.Очевидно многу политички рамнодушни граѓани се обидуваат во анкетите да ја покажат својата лојалност и патриотизам, за да се вклопат во владејачките меѓу општествената идеологија. Во последната година, бројот на оние кои и во овие околности се решаваат да ја изразат индиферентноста кон Путин, се зголеми речиси двојно.
По се изгледа дека влијанието на патриотите над рамнодушни постепено слабее. Нивниот блок може да се распадне под влијанието на растечките економски тешкотии. И тоа е најголемата закана за стабилноста на Путиновиот режим. Не е исклучена и друга варијанта на развој на настаните. Под влијание на масовната воено-патриотска пропаганда во последните години расте и популарноста на армијата и специјалните служби. Тоа се единствените институции, освен претседателот и црквата, кои уживаат довербата на повеќе од половина Руси. Со помош на контролирани од нив медиуми, тие можат во секој момент да го зајакнат пропагандниот притисок меѓу населението и да ги промени мозоците на аполитичните граѓани. На овој начин пропутиновото мнозинство може да биде зачувано.
Трикратнатаунија меѓу претседателот, погонската група олигарси и црквата се и највлијателните меѓу другите политички институции (Државната дума, партиите, владата, итн) И ако му успее и во иднина да го контролира општеството, сегашниот авторитарен режим може да продолжи да постои дури и по Путин.