„Метео цунами“ на Јадранот, се случи за 15 секунди – туристите во чудо (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
678 прегледи

На социјалните мрежи се шири видео од несекојдневен настан на Корнати каде за само 15 секунди нивото на морето во заливот се подигнало за речиси еден метар и се излеало на брегот.

Туристите кои биле сведоци на необичната појава се чуделе како е можно нивото на морето да се подигне без никакво предупредување или бранови, пишува „Јутарњи лист“.

Иако многумина никогаш не виделе ваков феномен, колоквијално наречен „брза плима и осека“, тоа не е толку честа, но е нормална појава.

@ratniksvetlauns Kornati pre 2 dana 😮😮😮😮 Šta se ovo desilo,kako se podiže more a nema talasa?!?!! i to vise od 1 metar. #kornati #tsunami #kroatia🇭🇷 ♬ Originalton – ratniksvetla182

Д-р. Ивица Вилибиќ, океанограф од Институтот „Руѓер Бошковиќ“ вели дека станува збор за појава за која стручната терминологија ја нарекува метеоролошко цунами.

„Кога има брза промена на воздушниот притисок во атмосферата на релативно мала област, тие промени се случуваат. Значи, тоа се слободни осцилации кои се јавуваат во каналите и заливите. Поизразени се во заливите“, вели др. Вилибиќ и додава дека понекогаш се работи за интересна природна појава, но понекогаш и за проблематична ситуација.

Најпознатиот пример на метео-цунами снимен во Хрватска се случи во Вела Лука на 21 јуни 1978 година. Опсегот на осцилирање на нивото на морето достигна неверојатни шест метри во тоа време. Тој ден осцилации можеа да се забележат и на други места долж хрватското крајбрежје, додека водениот бран неколку часа подоцна се пресели на италијанската страна. Морето потоа се издигна и се повлекуваше неколку пати, поплавувајќи го крајбрежјето, продирајќи во куќи и згради.

Слични содржини