Метју Пери своевремено открил по што би сакал да биде запаметен

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Метју Пери почина на 54-годишна возраст.

Оваа тажна вест го шокираше целиот свет, а според првите информации актерот се удавил во џакузито во својот дом во Лос Анџелес.

Пери е најпознат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“, а своевремено зборуваше и за тоа како би сакал луѓето да го паметат.

„Кога ќе умрам, знам дека луѓето ќе зборуваат само за ‘Пријатели’. И јас сум среќен поради тоа, среќен сум што направив добра работа како актер, но кога ќе умрам, што се однесува до моите таканаречени достигнувања, би било убаво ‘Пријатели’ да стои далеку зад работите кои ги правев додека им помагав на другите. Знам дека тоа нема да се случи, но би било убаво“, изјавил Пери.

Потсетуваме, серијата „Пријатели“ се снимаше во периодот од 1994 до 2004 година, а исто толку популарна е и денес кога се реприза. Покрај Метју Пери, во оваа продукција глумеа Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу.

Слични содржини