Откако претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, беше приведен во полиција неколку часа како дел од обемната истрага за криминалните скандали што ја тресат Србија, се поизвесно е дека ФСС ќе доживее сериозни промени во раководството.
Како што пренесува српски Курир, новоизбраниот селектор Драган Стојковиќ Пикси би можел повторно да биде на чело на Федерацијата и тој да има овластување да назначува луѓе по свој избор на водечки позиции.
Едно од тие лица може да биде Немања Видиќ, кој неодамна отворено го критикуваше Кокеза и неговите соработници за ситуацијата во српскиот фудбал.
Сепак, првиот потег на Пикси, наводно, треба да биде назначувањето на Стеван Стојановиќ Дика на позицијата директор на Сојузот. Со ова ќе се укине функцијата спортски директор, која во моментот ја има Владимир Матијашевиќ.
Се очекуваат промени и на други клучни позиции, но исто така да се случат многу брзо затоа што се очекува репрезентацијата да ги започне квалификациите за Светското првенство за три недели.
Што се однесува до Кокеза, тој би можел да остане без позицијата потпретседател на Комисијата на националните федерации во УЕФА. Европската куќа на фудбалот не дозволува политиката да се меша во фудбалот, иако, како и ФИФА, таа сама функционира како држава и често носи политички одлуки.